После 30 години глума социјал-демократија и патриотизам, граѓански концепт и еквидистанца, невладини организации и слободен печат, академија и интелектуализам, рокери и фолкери, на сцена исплива и се покажа комплетната мрежа на белградската агентура во Скопје, македонска и албанска, објавува на својот Фејсбук профил аналитичарот Арсим Зеколи.

„Заслугата за тоа му припаѓа на Мицковски. Времето ќе покаже дали тоа ќе го истера до крај. Но по протерувањето на Мијалков и старата клика, тој е на добар пат по прв пат во овие три децени ВМРО да добие автентично, македонско и македонистичко водство. Огромен предизвик, како поради разгневеното братство на синовите и ќерките на СИД-УДБ- КОС, како и поради немањето албански национален партнер за соработка поради темелната пенетрација на Белград во сите партиски раководства“, коментира Зеколи.