Само Зоран Заев политичар аболиран за тежок криминал, кој влече хипотеки зад себе може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената држава, обвини на прес – конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој смета дека Заев ја погазил вољата на граѓаните од референдумот 1991 и 30 Септември 2018 година.

Зоран Заев пред време ја преименува својата таковина на се уште не стапен во сила договор. Срамота. Господине Заев Македонија денеска не слави бидејќи вие продадовте, погазивте и уништивте се. Залудна е лажната еуфорија која ја креирате. Човекот треба да разбере дека никој не го сака, никој не му верува. Зоран Заев готов си. Сите тоа го знаат, а набрзо и ти тоа ќе го дознаеш. Оваа влада на СДСМ која ја предводиш ти толку силно ќе падне што прашање е дали нешто ќе остане од СДСМ, рече Мицкоски.