Разговорите за Обнова на Македонија се извонредна можност да се запознаам изворно со проблемите со кои се соочуваат граѓаните, да ги ислушам, да ги советувам, да ја споделам тагата и немирот кои ги чувствуваат за да станат нивните маки и немири помали, и да добијам дополнителна сила за да работам на решенијата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук по првите средби со граѓаните во рами на разговорите „Обнова на Македонија“
Луѓето ги кажуваат проблемите искрено, без заобиколување се запознавам со маките и потиштувањата кои ги трпи мојот народ, народ кој е голем и кој покрај сите неправди и неволји кои им ги создава оваа ненародна и криминална влада, има енергија да се бори за своите правдини. Гледајќи во нивните очи се обврзувам дека ќе го вложам секој атом од мојата сила за да создадам подобра иднина за луѓето на Македонија. На проблемите кои граѓаните ги истакнуваат им пристапувам одговорно и посветено и веќе со моите соработници, со тимот за Обнова на Македонија изготвивме нацрт сценарија за надминување на проблемите. Благодарам Ресен за поддршката која ја добив при посетата на вашиот град.Заевизмот паѓа, Обновата доаѓа!Доаѓаат подобри времиња!
Comments are closed for this post.