Приведениот Стефан е чесно и мирно дете, а од Спасовски очекувам да го казни дивјакот кој примени сила како и да се извинат за настанот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Што не е јасно“ на Алфа, говорејќи за денешниот протест кај Мавровка, каде полицијата приведе недолжно момче.

Стефан е исклучително храбро и чесно момче, кој денеска беше за жал жртва на фрустрацијата на еден припадник на министерството за внатрешни работи кој применил и сила. За тоа имаме и медицински извештај кој ќе биде даден на увид на јавноста, рече Мицкоски. Тој вели дека очекува од страна на министерот и командирот на полициската станица овој дивјак да биде најстрого санкциониран. – Ако мисли дека значката на МВР и оружјето што го носи на реверот му дозволуваат да применува сила, тогаш ваквите дивјаци не им е место во МВР, потенцираше Мицкоски