Иако во вештиот наод на одбраната во оваа постапка се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во предметниот период имала и други приходи од членарини и од буџетот кои биле доволни за да се купат останатите партиски простории лоцирани низ Македонија, судот по барање на обвинителството без да обезбеди супер вештачење, донесе одлука за конфискација на истите, oбјасни денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случајот „Талир 2“ со кој се одзеде првостепено имотот на партијата и партиското седиште.
Повторно сакам да потенцирам да биде запишано и јасно: ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е ИМОТОТ НА ПАРТИЈАТА, ВМРО-ДПМНЕ Е НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ, ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И ЗАТОА ОВАА КОНСТРУКЦИЈА НЕМА ДА ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА ЗА КОЈАШТО Е ИЗМИСЛЕНА.
Comments are closed for this post.