Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објаснувајќи ја средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов Мицкоски вели дека за некои теми имале исти позиции но за дел различни.

Според него ,помалку непријатно било што се снимал почетокот на средбата каде вообичаено има неформален разговор помеѓу соговорниците кои се познаваат и жали што СДСМ, целосно  ја извртел вистината, преку креирање на лажни вести се обиде да ги злоупотреби граѓаните.

Никаде на средбата не го споменав договорот, тоа не може да се извлече како цитат затоа што не го кажав, но еве гледаме дека може да се прават лажни вести под владината палка и да се редат зборови во уста кои јас никогаш не сум ги кажал. Инаку да, порано сум истакнал, му го кажав тоа и на г-динот Борисов, а еве ќе го повторам и сега дека имам намера да подржам се што е добро за двете земји, тоа подразбира дека без никакви дилеми подржувам економска соработка, да јакнеме трговски, да градиме соработка со соседите, културно, спортски, научно да соработуваме, доколку проценам дека Македонскиот народ и граѓаните на Македонија имаат интерес од тоа. Но воедно тоа значи и спротивното, дека никогаш нема да прифатам работи кои се на штета на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија, непринципиелни барање, ултиматуми или компромиси со невистината за други цели. Јас дилема немам ниту за нашиот-македонецот Гоце Делчев и неговата борба за создавање на Македонска држава, ниту за посебноста на македонски јазик. Не сум човек кој прави компромиси со вистината, а најмалку на штета на Македонија.