Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски имаше интервју за „Радио слободна Европа“ каде што посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада, ќе се залага за проекти кои ќе помогнат за намалување на загадениот воздух, а ќе ги содржат трите столба, енергетска ефикасност, интензивна гасификација и за заштита на животната средина.
Три години потоа не само што нема подобрување на ситуацијата туку имаме влошување. Еве јас сега ќе ја искористам оваа прилика во Вашата емисија и ексклузивно да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира новата Влада на Македонија ќе инвестира во проекти за енергетска ефикасност, интензивна гасификација односно користење на енергенс кој што е еколошки припазлив за затоплување на домовите и за заштита на животната средина за околу една милијарда евра, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не може да вети дека веднаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и веднаш Македонија ќе има алпски воздух. Но може да вети дека драматично ќе се намали загадувањето со помош на успешна имплементација на проекти за три области и тоа се енергетската ефикасност, интензивната гасификација во домовите и индустријата, и третата област е заштита на животната средина.
Тоа се трите основни столба кои што нас ни се неопходни. И проекти кои што ќе бидат инвестирани од страната на Владата, а кои што ќе ги содржат овие три столба. За да имаме барем јас очекувам да имаме барем до половина подобри услови за живот, за дишење за нашите граѓани. Не можам да ветам дека 100% ние ќе имаме воздух како што Осло, Хелсинки итн. Но, да ако продолжиме со таа динамика како што ќе ја водиме во тие четири години, јас ви гарантирам дека потоа Скопје, Македонија ќе бидат за пример на Балканот, нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.