Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски проговори за очекувањата од средбата со шефот на државата во петок.Мицкоски очекува главна тема да биде „27 април“ и оние кои се осудени на високи затворски казни.

Мицкоски е дециден дека тие треба да одговараат за она што го сториле. Според него, да тие луѓе направиле упад, насилство, но тоа во никој случај не е тероризам.

Не бараме милост ниту амнестија.Треба да им се даде шанса на овие луѓе да бидат обвинети за она што навистина го сториле. Треба да се направи притисок-објасни Мицкоски.