Во видеото со Кичеец кое деновиве излезе во јавноста може да се забележи дека дека нема никакво основано сомневање за инкриминирање. Ги охрабрувам институциите во државата, доколку постои основано сомнение за какво било мое инкриминирање или основано сомневање за сторено кривично дело, веднаш да покренат истрага, уште денеска, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На прашање дали имал близок контакт со Кичеец, Мицкоски денеска по завршувањето на лидерската средба истакна дека на барање на именуваното лице, по претходен закажан состанок на член на структурите од партијата имал состанок и разговарале за изборите кои тогаш се случувале. Појасни дека во моментот кога се сретнувал со лицето, тој не бил предмет на обвинение
Навистина имаше еден обид од страна на политичкиот противник да се измести вистината од вистинската оска, каде што ќе се добие впечаток којшто вие практично сега го пренесовте во форма на прашање дека практично јас не ја говорам вистината. На барање на именуваното лице, а по претходен закажан состанок на член на структурите од партијата имавме состанок со именуваното лице и разговаравме поврзано со изборите којшто тогаш се случуваа, а тоа е пред да излезе во јавноста аферата позната како „Рекет“. На 16-ти август лани имав прес-конференција на која на новинарско прашање на една ваша колешка, дали сум имал средба или било каков контакт со лицата коишто се поврзани со аферата „Рекет“ на истото одговорив, на Бојан Јовановски лично му го честитав роденденот од почит кон медиумот, и од почит кон медиумите бидејќи тој го побара тоа од мене, рече Мицкоски.
Додаде дека очекува да се откријат и останатите нелегално стекнати материјали кои се појавиле или пак како што рече, можеби ќе се појавуваат во периодот којшто следи, за други политичари и јавни лица.
Она што сакам да кажам е дека на сведочењето едно од осомничените лица, а тоа е првоосомничениот на сведочењето пред некоја недела кажува дека бил во кабинетот на тогашниот претседател на владата, во присуство на претседателот на владата и ова лице кое што вие го споменавте, каде што претседателот на владата вели не се грижи овој човек има паравојска таму, и таму ќе ги добиеме изборите.Тоа се случува 10 дена пред мојата средба со тоа лице. Се чудам зошто беше толку големо инсистирањето 10 дена потоа тоа лице да се види со мене. Ќе ве потсетам уште еднаш, во моментот кога јас се сретнувам со лицето, тој не е предмет на обвинение. Но, прашањето е што правеле заедно на 4 април во кабинетот на претседателот на владата, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.