Мицкоски во Прилеп: Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг

09.10.2021 / 14:48


Благодарам на интересот, денеска сме овде во Прилеп градот херој, ќе имаме исто така во понеделник централен митинг овдека во Прилеп. Она кое што денеска сакам да го порачам во Прилеп е дека Прилеп не го заслужува ова денешно тешко секојдневие, мачно секојдневие, ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее и Прилеп и прилепчани, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Затоа сме тука да им ја пренесеме нашата порака на прилепчани дека не треба да се разочаруваат, не треба да очајуваат, најдобрите години допрва доаѓаат за Прилеп, со новиот градоначалник доктор Борче Јовчески. Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг, уште на 17-ти октомври, а потоа нормално многу работа затоа што има многу работи кои што треба да се исправат кои што изминативе четири години беа погрешни, изминативе четири години беа недостоинствени за Прилеп и за прилепчани. Од она кое што можев да го слушнам денеска од прилепчани, навистина тешко се живее, луѓето се незадоволни од ова секојдневие даваат поддршка, апатијата која што владее низ цела Македонија е пресликана и овде во Прилеп, вели Мицкоски.

Тој додава дека но, затоа сме тука да упатиме порака дека иднината доаѓа, дека промените, проектите и победите се тука. И дека заедно, заедно на 17-ти октомври треба да создадеме нова заедничка просперитетна иднина која што ќе ги отвори нели можностите за сите граѓани вклучително и за Прилеп и за прилепчани.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Филипче во Штип: Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец

пред 10 часа
Македонија

Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

пред 12 часа
Македонија

Сиљановска и Радев ќе зборуваат на НАТО самитот, на маса ќе бидат и претставници на ЕУ и САД

пред 12 часа
Македонија

Kaja Kaлас нема план Б за Македонија

пред 12 часа
Македонија

Претседателката Сиљановска на чело на македонската делегација за Св.Кирил и Методиј во Рим

пред 22 часа
Македонија

Денеска лето, 31 степен

пред 24 часа
Македонија

Kaja Kaлас во официјална посета на Македонија

пред 24 часа
Македонија

Каја Калас денеска во Скопје, ќе има ли план „Б“ за Македонија како за Украина?

пред 1 ден
Македонија

Уште тоа ни требаше: За прв пат се потврдени два случаи на мајмунски сипаници

пред 1 ден
Македонија

Филипче се јави, навистина се јави: Загрижен е за капиталнните инвестиции

пред 2 дена