Денеска сме овде во Кочани, продолжуваме со теренските активности кои што ги започнавме веднаш по преземањето на позициите на новите градоначалници од нивните претходници, рече Мицкоски про неговата денешна посета на Кочани.
Како што кажа градоначалникот Папазов овде денеска промовираме или ја надзираме работата на три клучни проекти за општина Кочани. Првиот е како што кажа дел од фекалната канализација за село Тркање, кое што понатаму треба да се приклучи на колекторот во село Мојанци.
Понатаму завршните работи на нова би рекол широка 8 метарска и долга еден километар улица „Роза Петрова” во самиот град Кочани и овде во Грдовци каде што се заменува практично цевководот од 1973 година со нов цевковод во должина поголема од два километра, што се користи понатаму за водоснабдување на општина Кочани.
Активности кои што во значителна мера ќе го подобрат квалитетот на живот во самиот град Кочани и ценам дека она кое што сме го ветиле, она за кое што се обврзале и она кое што е корисно за граѓаните, а сме го наследиле, или го наследиле градоначалниците од нивните претходници ќе го довршиме и надградиме со нови проекти со кои што сме излегле во време на кампањата на овие локални избори.
Јас сум би рекол прилично задоволен од овој почеток за нешто помалку од два месеци се направија многу работи онаму каде што бев.
Продолжувам со посетите низ Македонија, продолжувам со посета на градилиштата во општините каде што се градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе продолжат онака како што започнаа и помалку ќе зборуваме, а повеќе ќе работиме.
Comments are closed for this post.