Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ јасно го кажа ставот на партијата во однос на прашањето со Бугарија. Според него „ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор на Зоран Заев и ќе бараме нов договор“.

Мицкоски кажа дека за отприлика една година следи Конгрес на партијата и ако и по Конгресот ситуацијата излезе ваква ќе се побара јасна декларација.

„Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден договор, ваков договор треба да нуди иднина, а не минато. Овој Договор со Бугарија не нуди иднина“, рече Мицкоски заклучувајќи дека доколку продлжат барања од Бугарија кон Македонија, во тој случај ќе треба да се оди на нов договор-oбјасни Мицкоски.