Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Тера обвини дека власта од една страна на продава Македонија, од друга страна ја опљачкува.
Тој зборуваше за состојбата во РЕК Битола и за укинувањето на Советот за јавни набавки.
Две години со прст не е мрднато, напротив, уште е полоша ситуацијата. Знаете зошто е полоша? Затоа што во тоа време постоеше Совет за јавни набавки кој беше некаков контролор. И тие што правеа? Од една страна ја распродаваа Македонија, од друга страна ја опљачкаа Македонија. Го укинаа Советот за јавни набавки за да можат под превезот на итност, тет-а-тет, си ги договараат тие 5-15 проценти. Тоа е разликата од тогаш до сега, истакна Мицкоски во интервјуто за ТВ Тера.
Comments are closed for this post.