Лидерот на БЕСА Касами истакна дека конечно Албанците во ликот на Блерим Река имаат свој кандидат за претседател.

-Тој е независен и ги соедини партиите од албанската опозиција. Очекуваме сите Албанци да гласаат на 21 април за Река кој е најдобар кандидат. Едниот кандидат дури не ги побара гласовите на Албанците, а другиот, пак, не проговори албански, а ги сака гласовите, рече Касами.