Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на 29 години постоење на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Штип.
По тој повод Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имаше свое обраќање. Во говорот Мицкоски рече дека на Македонија и ветува правда, за која, нема да води никаков компромис.
Имаме само една земја, и таа земја не има само нас. Имаме план, имаме сила, имаме мотивација за обновата која следи. Не чека многу работа. За да се случи ова, мора да има предвремени парламентарни избори. Да ја поразиме оваа власт која е на колена. И ќе ја поразиме! Јас сум тука за да успееме во нашата мисија да ја кренеме Македонија од пепелта и да ја обновиме!, истакна Мицкоски
Comments are closed for this post.