Во денешната емисија на 1ТВ „Печат на неделата“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој говореше за криминалите на владата на Зоран Заев и СДСМ.
Зоран Заев формираше влада, тим. Таа влада позади себе имаше програма и ветуваше многу. Но она што го гледаме од Зоран Заев не само што ненаправи ништо, туку ја влоши и дополнително ситуацијата во државата, појасни Мицкоски.
На скалата на „Транспаренси“, нагласи Мицкоски, сме неколку места подолу на скалата за корупција, дали сме на скалата рамо до рамо со Свазиленд и Танзанија, наместо да се стремиме барем до една Хрватска, Словенија и Унгарија, Словачка и Чешка.
Можеме да разговараме и за тендерите кои што се прават во четири очи, како претходно се укина Советот за јавни набавки кој што колку толку беше едно тело кое што обезбедуваше транспарентност и мониторинг на целокупната државна апаратура како спроведува тендери. Јас не можам да се изразам да речам се украдоа неколку милиони но ги разбирам, на луѓето им требале тие средства. Таков речник од лидерот на опозицијата не можете да го слушнете, посочи Мицкоски.
Тој нагласи дури дека имаме случка кога фирма во здравство се формира за да добие тендер, а тоа не би му текнало ниту на Ал Капоне.
Comments are closed for this post.