Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Мицкоски при своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ваков попис како што планира Зоран Заев. Со ваков попис како што планира Зоран Заев ќе излезе дека Македонија има три милиони жители.
Ваков како што е конципиран пописот, нема да го признаеме. Затоа даваме предлог еве за да го признаеме пописот дајте луѓе да набавиме 10.000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме – појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.
Ако има очекувања дека и ова може со филибастеринг да се сопре, не може бидејќи има европско знаменце. Треба да и кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција, а нема потреба од два потписа. Еве, да одием преку фингерпринт терминали односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст – истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека вака како што е концепиран пописот ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го признае. И следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе попис кредибилен кој што вистински ќе биде статистичка операција, а не на крај со двоен потпис да даде политички одговор.
До ден денеска не е јавно презентирана методологијата на попишување. Знам дека има, но зошто таа методологија пред да влезе во Службен весник не ја дадат на опозицијата, па и опозицијата да се изјасни – нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.