По повод Денот на светите просветители лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до граѓаните.
„Светите Кирил и Методиј имаа визија, знаење и постојаност. Ние денес се соочуваме со тешко секојдневие, предизвици и не помали искушенија. Но сепак ова е реалност која мораме да ја промениме, а тоа ќе биде со визија, знаење и мудрост. Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ја обезбедиме заедничката иднина на сите“, стои во честитката од Мицкоски.
Тој додава:
„Тие веруваа дека секој народ заслужува свој јазик па така го подарија најголемиот подарок кој човек може да го добие писменоста, знаењето е единственото нешто кој никој не може да го земе или да го оспори. Нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј“.
Comments are closed for this post.