Самиот старт од вечерашната дебата започна жестоко. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев се соочуваат за актуелни теми, а една од нив е и вмешаноста на извршната во судската власт. Мицкоски директно му посочи на Заев дека по 12 април ќе одговара, вие барате амнестија посочи тој, но тоа нема да се случи ќе одогвараат сите оние кои се огрешиле пред законот.
-Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12 април. А јас ве гледам директно во очи и ви кажувам, сите, вклучително и јас, кои се огрешиле пред законот, кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ ќе одговараат. Сите за кои што постојат докази да бидат изведени до крај, до крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува како за вас, така и за оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате.
Comments are closed for this post.