Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со со министерот за Европа и Америка во британскиот Форин офис, сер Алан Данкан

На средбата соговорниците говореле за актуелните политички случувања во Македонија, евро-атлантските интеграции на држава и претстојниот референдум за договорот со Грција.

На средбата се потенцираше и значењето на евро-атлантските интеграции за Република Македонија. Мицкоски порача дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО е од стратешки и државен интерес.

Мицкоски го реафирмираше ставот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот со Грција бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој договор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори и ставот дека граѓаните на Македонија имаат доволно политичка зрелост и се достоинствени за сами да донесат одлука како ќе постапат на 30 септември.

Соговорниците се согласиле дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство се силно развиените, но беше истакната и потреба од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во ЕУ и НАТО.