Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше на емисија „Стадион“ на „Канал 77“ каде што посочи дека време е да се стави крај на злоупотреби, и да се преиспита потеклото на имотот на политичарите кои се богатат преку ноќ.
Имаше порано политичари кои велеа дека се просечни бизнисмени, а денеска за жал во политиката имаме политичари кои што се натпросечни бизнисмени. И тоа го стекнале благодарение на поволностите во политиката. Без исклучоци и без никаква задршка, без никаков пардон јас сум за тоа да се провери потеклото на имот на секој еден политичар, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека треба да се види потеклото на имот кога влегол во политиката. Секој треба да подлежи на еден вид таква ревизија да се види потеклото на имот на политичарот, да се види како од просечен политичар стануваат просечни бизнисмени. Да се види колку данок платиле, како се стекнале со тоа богатство, скриено, нескриено, тајно богатство. Ние еднашка мора да ставиме крај на злоупотребата. Но јас не сум само за политичарите, јас сум за сите, појасни Мицкоски.
Comments are closed for this post.