Во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека треба да се понесе одговорност за сите погрешни политики, кои и наштетиле на државата.

За жал во оваа држава политичката одговорност стана за потсмев. Односно не е ни статистичка грешка затоа што кај нас политичарот ќе направи грешка , не сноси одговорност, се извинува и оди понатаму. Тоа е проблемот. И затоа ние се наоѓаме денеска каде што се наоѓаме.

Да еве вие велите дека направиле грешка, но никој не сноси одговорност за таа грешка, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека ако е направена грешка треба да се лоцира одговорноста, кој ја направил таа грешка и да сноси одговорност, рече во своето гостување Мицкоски