Во овие моменти на тешка здравствена криза, но и економска, моите мисли се со Кумановчани каде заразата се шири со значителна прогресија. Куманово секогаш бил слободарски град, првенец во многу работи, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Денес, Кумановчани како и сите ние имаме поинаков предизвик, борбата против короната. Меѓу луѓето со право владее страв и неизвесност. Но, нема поефикасна борба од таа да се почитуваат мерките за самоизолација и да се остане во домовите. Воедно, во овие тешки мигови моите мисли се и со здравствените работници, полицијата кои се во првите редови во борбата поротив зарзата. Додека сите ние во времето на полицискиот час седиме во домовите, има луѓе кои даваат се и се борат. Загрижен сум што процентот на заразени доктори и здравствени работници станува се поголем. Секој човек ни е важен и секој живот вреди. Да ги рушиме стереотипите и да не се стигматизираат луѓето заразени од овој опасен вирус. Македонија е земја на хуманоста и таа била одлика на нашиот народ со децении и векови. Без оглед на ислучоците, хуманоста е лицето на Македонија. Заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме, затоа што ја сакаме Македонија, напиша Мицкоски.
Comments are closed for this post.