Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.
Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, но и здравствените предизвици предизвикани од пандемијата предизвикана од Ковид-19.
Власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот. Владата предводена од СДСМ нема способност ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:
Остварив средба со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.
На средбата потенцирав дека власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот.
Истакнав дека Владата предводена од СДСМ нема способност, ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок.ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има идеи и мерки како Македонија да се справи со здравствената и економска криза, но и останатите предизвици кои нѐ очекуваат периодов. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и конкретни и можат Македонија да ја вратат на вистинскиот пат.Во име на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарив за коректната соработка со Амбасадата на Република Хрватска и посочив дека пријателските односи ќе продолжат и понатаму.
Остварив средба со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.
На средбата потенцирав дека власта нема…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, October 16, 2020
Comments are closed for this post.