Јас нема да го почнам мојот говор со тоа дека сум продавал бостан на пазарот овдека во Струга, но ќе ви кажам дека често сум доаѓал на плажите овдека во Струга, нема да ви кажам дека првата моја љубов сум ја стекнал овдека во Струга, тоа ќе дојде еден друг политичар и ќе ви кажува како се заљубил прв пат во Струга како во Горни Милановац – го започна својот говор вечерва во Струга, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вели сака да зборува со зборовите на народот и да ја констатираме заедно оваа тешка, мачна реалност која сите ние ја живееме беза разлика дали сме Македонци, дали сме Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, Египќани, православни христијани, муслимани, католици, евреи…

Живееме во едно тешко, мачно, политичко секојдневие, исполнето со хаос, исполнето со апатија, исполнето со луѓе кои се демотивирани, луѓе кои ја напуштаат Македонија, цели семејства заминуваат се збогуваат со своите најблиски. Иднината ја градат некаде таму далеку, а како велат каменот тежи онаму каде што и припаѓа, а тоа е дома овдека во Струга во Македонија.

Тоа е нашата тешка мачна политичка реалност и тоа е нашето секојдневие. Зошто ова го зборувам. Зошто ќе дојдат овде пред вас стружани и ќе ви го презентираат според нив најдоброто, а во суштина станува збор за најлошто.

Јас ќе зборувам за она што е што го мачи денешниот граѓани во нашата Македонија. Кои се реалните потреби кои се реалните проблеми, а потоа ќе зборуваме и малку за иднината, ќе зборуваме за тоа што ние подразбираме пред нас самите како патриотизам која е нашата траекторија, која е нашата патека која ние треба да ја изодиме и чекориме сите заедно.

Ќе започнам со неработењето и онаа би рекол заразна мрза која што ги зафатила овие владини функционери без разлика дали станува збор за директори или министри, без разлика дали станува збор за градоначалници или локални функционери. Имаме една хронична аптаија и едно хронично неработење кое ја уназадува не само Струга, туку и Македонија од ден на ден. Додека тоа се случува, додека оваа заразна апатија владее низ Македонија гледаме дека секој од нив се повеќе и повеќе се корумпира, а Македонија е во моментот според сите светски ранг листи најкорумпираната држава во Европа. Тоа е нашето секојднебвие, не е нашето секојдневие најдоброто во Македонија, нашето секојдневие е најлошто во Македонија затоа што сме најкорумпираните и како држава и како политичари во Македонија. Тоа е реалноста која ја живееме сите ние во најкорумпираната држава, со најкорумпираните политичари, 111 место во светот, а во Европа сме број 1.