Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако даде изјава се приклучи на протестот кој се одржува пред Собранието. Собирот е во организација на „Македонија блокира“ и „Твродокорни“.
Во изјавата Мицкоски убедуваше дека процесот кој се одвива во Собранието е штетен за Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да даде легитимитет. Тој посочи дека до гласовите за промена на Уставот се доаѓа со уцени и дека ќе остане запишано дека името не го менува народот туку 80 пратеници.
Comments are closed for this post.