Се перчите со инвестициите што некој пред вас ги донел во Македонија. Неправда е тоа. Неправда е кога на пензионерите во улога на опозиционер ќе им ветите поголеми пензии, а денеска бегате од тоа ветување како ѓавол од темјан, а пензионерите земаат пониски пензии од 400 до 700 денари, изјави Христијан Мицкоски вечерва од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Неправда е кога нема да се извините ниту за ТАТ, ниту за октоподот, нема да се извините ниту за сите погрешни политики од транзицијата, а денеска вашиот деспотски избран кандидат шета на полу празните плоштади и училници и ветува дека кога он ќе бил претседател немало да амнестира криминалци, а заборави истиот тој Пендаровски кој беше советник на Бранко Црвенковски дека вас господине Заев ве аболираше за сторен криминал од 8,5 милиони евра. Неправда е кога си го лажете својот народ, потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.