Заев ветуваше едно општество за сите, ама тоа само пред камерите, а во реалноста, оние кои први беа до него ќе напишат дека сме биле “фашистичка партија”, згора на тоа вулгарно ќе посочат за Рашела Мизрахи дека “имало и Евреи кои работеле за нацистите”, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
И притоа ваквите навреди и пропагираниот антисемитизам ќе им се допаднат на социјалните мрежи на советниците на Заев кои добиваат плата од сите нас. Згрозен сум од леснотијата со која се прават поделби, се шири говор на омраза кон државата Израел и Еврејскиот народ, и навредите кон ВМРО-ДПМНЕ, зад кои стојат политички мотиви и се стимулирани од партијата на власт. И ова не е првпат, но овој пат е премногу. Фраза едно општество за сите ја претвораат во прогон кон неистомислениците. Нема работа која самите не си ја негираа, нема работа која самите не ја погазија. Јас ја разбирам нервозата присутна во СДСМ, дури можам да го разберам и стравот од пораз, но не можам да ја разберам омразата со која се служат и удираат ниско по оние не мислат исто како нив. На крајот од денот, достоинството и честа немаат цена, и таквите навреди говорат за оние кои ги изнесуваат и оние кои ги инструираат, отколку за оној кон кој се насочени. Поддршка и целосна почит за Евреите и Израел која е голем пријател на Македонија. Најмалку што може СДСМ да направи е извинување кон Мизрахи, и кон ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова ќе заврши, но срамот на оние кои денес го земаат знамето на омразата ќе остане. И секако, сето ова нема да ги спаси или да го намали поразот кој им претстои.
Comments are closed for this post.