Мицкоски по средбата со докторите кои се борат против КОВИД: Од се е под контрола, дојдовме до 3000 загубени животи

25.02.2021 / 14:46


– Денеска имавме ете еден би рекол многу конструктивен состанок кој што за жал или би рекол трибина ја свикавме поради неубав јубилеј, а тоа е отприлика година дена од првиот случај кој што се дијагностицираше и кој што беше позитивен на КОВИД-19 или на короната. Тогаш во тоа време не убедуваа дека опозицијата ширела лажни вести, дека опозицијата била таа која што не знаела што зборува, дека власта ги имала конците во свои раце и дека практично имале стратегија, имале план, имале визија како да спречат понатамошно ширење на вирусот. Иако месеците потоа потврдија дека ниту план имаат, ниту визија, ниту стратегија, ниту пак знаат како тоа да го направат. Не убедуваа дека ќе имаме не повеќе од 2.000 луѓе кои што ќе заболат од овој вирус, за жал денеска имаме повеќе од 100.000 евидентирани, можете да замислите колкава е бројката на тие кои што не се евидентирани, изјави денеска за медиумите, Христијан Мицкоски  по средбата со докторите кои се во првите редови во борбата против КОВИД.

За жал имаме повеќе од 3.000 наши сограѓани кои што ги загубија животите поради неспособноста на Зоран Заев и владата на СДСМ. И за жал од она што можеме да забележиме е дека и после една година ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту пак имаат стратегија туку напротив служиме за потсмев. Луѓето буквално играат мајтап со Македонија, единствената држава во Европа, би рекол на Балканот сигурно, која што сеуште нема набавено сопствени вакцини, кои што граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат ќе ги имаат на располагање. Еве денеска еден од присутните претседателот на комисијата прочита еден фејсбук статус на еден негов колега кој што буквално моли да добие вакцина од министерот, човекот има 65 години. Така што се наоѓаме во една апокалиптична ситуација за здравјето на граѓаните, за здравјето на нацијата и јас навистина единствено нешто што можам во овој момент да побарам е голема општествена широка поддршка да се совладаат овие неспособни луѓе кои што денеска се наоѓаат во Владата, а потоа да дојдат луѓе кои што знаат како навистина да ги решат напластените проблеми кои што и онака се напластија уште повеќе во овие 4 години од Зоран Заев и СДСМ, а потоа се разбира и одговорност за сите овие погрешни политики кои што за жал значат и човечки загубени животи, истакна тој.

Отприлика тоа беше денешната трибина, денешниот состанок со медицинските лица, со лицата кои што веќе година дена се на првата линија на фронтот би рекол еве вака во војнички жаргон да се изразам и луѓето кои што до ден денешен спасија можеби илјадници човечки животи и луѓето кои што за жал денеска владата на СДСМ и Зоран Заев ги остави на цедило и на бришан простор без да вложи ниту еден фенинг во подобрување на условите во кои што тие работат, додаде Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Бујаре, дали би потпишал таков договор со Бугарија да се работеше за Албанците?

пред 10 часа
Македонија

Ќе направат ли двата потписи за независните кандидати проблем за регуларноста на изборите?

пред 10 часа
Македонија

Противпожарен апарат за во возила нема ни за лек, сите се спремаат за во Грција

пред 11 часа
Македонија

Лукровски: Потребно е запирање на бетоницацијата и ревизија на сите ДУП-ови во Карпош

пред 13 часа
Македонија

Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово

пред 17 часа
Македонија

Мицкоски за пожарот во Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

пред 2 дена
Македонија

TВ Колумна “5 минути со Чавез“: Украина ќе ја делат како Македонија во Букурешт

пред 2 дена
Македонија

Од сабота може да проверите дали ве има во Избирачкиот список

пред 2 дена
Македонија

Толку од љубовта: ДПА се откажа од локалните избори:-соработката со Ахмети и ДУИ е невозможна

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Армијата е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

пред 3 дена