Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, го кажа своето мислење за Стево Пендаровски koј е избран за кандидат на СДСМ за претседател.
Па не така одамна кажавме во Македонија мора да се порази заевизмот, кажувам, заборавам, негирам. Се додека постои заевизмот во Република Македонија оваа држава не може да иде напред, односно ќе се движи во погрешна насока. Јас сум убеден во граѓаните на Република Македонија, тоа се храбри, честити луѓе коишто на 21 април ќе му го зададат првиот посериозен удар на заевизмот во Република Македонија, а потоа веќе на следните предвремени парламентарни избори и конечниот удар ќе му биде зададен на заевизмот. Пендаровски претставува лик на заевизмот, не очекувавме нешто поразлично да се случи, тоа е таа традиционална матрица која ја пустошеше Република Македонија изминативе 27-28 години-објасни Мицкоски.
Comments are closed for this post.