Осврнувајќи се на предизвиците при постигнувањето на Договорот од Преспа, Министерот Димитров истакна дека постои реална перспектива „сите заедно во регионот да ја постигнеме визијата што со помош на Грција беше поставена пред многу години во Солун, 2003 година и реафирмирана лани во Софија, на друг самит на ЕУ-Западен Балкан”.

– Ако се фокусираме на нештата што значат, ќе го овозможиме ова. Благодарен сум на премиерот Ципрас кој не мораше да го направи ова. И се присетувам на една позната изјава на друг славен државник, Винстон Черчил, кој изјави – цената на величественоста е одговорноста. И мислам дека начинот на кој постапувате со соседите, особено со оние што не се големи колку вас кажува колку е голема вашата нација. И мислам дека она што го направивте ја направи Грција поголема земја, рече Димитров.