Парите кои сега непродуктивно се трошат и крадат ќе ги вратиме кај граѓаните во проекти во образованието, културата и спортот, најави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ на трибината во Гази Баба, на промоцијата на политики „Македонија за сите луѓе“.

Зголемувањето на акцизата во 2019 година од 3 денари плус ДДВ за дизел горивото, пари кои сега непродуктивно се трошат и се крадат, ќе ги вратиме назад кај граѓаните. Годишно планираме 600 милиони денари, тоа се 10 милиони евра вложување во проекти во образованието, проекти во културата и проекти во спортот, рече Мицкоски.