Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

-Го повикав Заев да излеземе на дебата, не се охрабри. Еве, повторно го повикувам на дуел, да ја кажеме вистината. Граѓаните заслужуваат да ја слушнат, рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител

Мицкоски потенцираше дека Република Македонија четири години стагнира во однос на сите слоеви од општеството, владеат криминалот и корупцијата, а наместо приближување до ЕУ, Зоран Заев со неговите политики ја оддалечува Македонија од започнувањето преговори со Европската унија. Тој додаде дека несомнено Република Македонија ќе биде дел од Европската унија, но не додека Зоран Заев е на челото на Владата на Република Македонија.