Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, излезе со коментар на Фејсбук за последните случување во аферата „Рекет“. Тој нагласува оти е совршено јасно дека станува за криминален октопод.
Според Мицскоски, наместо веднаш да се преземе одговорност власта одлучила да се вади и да ги лаже партнери од меѓународната заедница за некаква одлучна борба против криминалот. Јасно е, вели Мицкоски дека играа на картата дека и ова ќе помине, а народот има кратко помнење.
Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали сеуште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е.
Comments are closed for this post.