Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук најави нов скандал поврзан со РЕК Битола. Тој нагласува како се краде и уништува ЕСМ, одсносно поранешно ЕЛЕМ и оти раководството распишува тендер за ископ на јаглен и јаловина за цела календарска година на три месеци пред почеток на кампањата за локални избори.

 На тендерот се јавува една компанија. Нема електронска аукција и има само една понуда. Вкупната вредност на тендерот е речиси 13 милиони евра. Цената е 99 ден/GJ, а пред само некоја година се случуваше за 44 ден. ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) ја заврши 2020 година со загуба од 16,8 милиони евра. Избори се ближат, мора аванс да се земе