Со овие луѓе на власт европската иднина е само убава приказна, но без можност за реализација, затоа што имаме корумпирани луѓе на власт, од друга страна тие сакаат да го промениме името, идентитетот,нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
-Одбивам да се согласам со тоа да бидеме држава која го сменила името, за нешто што никогаш нема да дојде, затоа треба да ги промениме луѓето кои ја водат власта, кои силно не влечат надоле и ни велат изборот бил еден и само така Македонија ќе победи, и само така европската иднина ќе стане реалност, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Comments are closed for this post.