Последниот пат кога бев во општина Петровец, бевме во економската зона и тогаш кажав како треба да изгледа една општина која што ја води градоначалник домаќин и градоначалник кој што работи чесно и одговорно, истакна денеса претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Денеска сум овде во селото Чифлик во општина Петровец, како што кажа градоначалникот и имамот Дрндар навистина овде може да се види една голема разлика споредена со другите општини, кое што не би требало да се гледа. Но, за жал во тие општини има градоначалници кои што не се така домаќини и не работат амбициозно и чесно како што работи општината Петровец и градоначалникот Борче Митeвски.
Ова навистина претставува капитален проект и за самите жители на селото Чифлик, но и за општината Петровец, и јас сум сигурен дека во деновите кои што следуваат ќе имаме уште вакви проекти кои што пред граѓаните ќе ги отвориме и пред македонската јавност.
Овде сум на покана на градоначалникот Борче Митeвски, не можам да го скријам своето задоволство и својата среќа што еве гледам и лицата на граѓаните овде по насока на поддршка и задоволство што овој проект е успешно завршен.
Јас само можам да посакам така да се продолжи и во иднина да се работи на подобрување на условите на живот во секоја македонска општина, без разлика дали е тоа градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ дали е тоа од ДУИ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, за граѓаните на Македонија е важно да тие ги имаат условите за живот како една европска пристојна земја, како земја кандидат за полноправно членство во Европската Унија.
Така што ја стискам раката пред овие успешни луѓе и само така нека продолжат нека работат во интерес на граѓаните и во интерес на државата.
Comments are closed for this post.