Говорејќи пред присутните во Кочани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека и во градот, како и во цела Македонија буквално владее чемер, јад, депресија и разочараност од моменталната реалност откако е СДСМ на власт.
Ставањето на крај на сето тоа, како што истакна Мицкоски, ќе биде победата на професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, а потоа и со победата на предвремените парламентарни избори.
„Затоа овие избори не се само претседателски избори, туку се пораз на заевизмот во Република Македонија, затоа ни е потребна победа. Затоа е потребна масовност на 21-април и на 5-ти мај, за да биде победата уште поголема. Потоа се знае. Следат предвремени парламентар избори и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Потребна ни е победа за да ставиме крај на сето она омаловажување, понижување и неправди кои што ни се случуваат во овие две години во Република Македонија и оној заевизам кој е секојдневие“, рече Мицкоски.
Тој потенцираше дека со СДСМ на земјава и се случуваат само неправди, а како пример со кој како што рече се манипулира со земјоделците се лажните ветувања како што е зелена нафта, за која додаде две години од неа нема ни трага ни глас.
„Неправда е кога ќе ветат загарантиран откуп, повисоки субвенции и дополнителни стимулации за земјоделците, а денеска реалноста овде во Кочани кочанско е катастрофална, ниту имаат каде ниту за што да го продадат родот. Ниту има загарантиран откуп ниту има зголемени субвенции. Истото тоа се случува и во Пелагонија и во Ресен и ресенско, луѓето со пила ги сечат крошните бидејќи немаат каде да го пласираат родот затоа што 1 денар е кг јаболко, а луѓето ги растеле тие дрва за еден ден да родат плод и да ги преранат своите семејства, нагласи Мицкоски.
Според лидерот на опозицијата, премиерот Заев сето свое политичко битисување го темели на два аргументи, лага и лоповлук.
„Го лажеше сопствениот народ, се колнеше во жицата и децата дека нема да го промени името, за да на крај ги промени и името и идентиетот. Токму затоа рече дека на Македонија веднаш и потреба правда и држава“, порача Мицкоски.
Говорејќи за кандидатката за претседател предложена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Мицкоски ги повика присутните за масовност на изборите и поддршка за професорката Силјаноска.
„Имаме човек имаме кандидат кој со сета своја харизма со сето свои животно искуство, со сите генерации кои поминале на правниот факултет и добиле знаење, со сета додадена вредност што уште може да и ја даде на Македонија како држава како претседател на Република Македонија, тоа е нашиот избор“, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.