Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?

 

Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?

 

Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести?

 

Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието?

 

Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја?

 

Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица?

 

Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.