Ни ветуваа живот, донесоа пекол. Откако го донесоа пеколот почнаа да не делат на вакви, онакви. Почнаа да не делат на луѓе кои што биле Европјани и на луѓе кои што биле против Европа и против прогресивните сили. А, позади завесата ја пљачкосуваат и ја уништуваат секоја една педа од татковината,истакна денеска идерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој беше во посета на Демир Хисар.
Опозицискиот лидер рече дека СДСМ нема поддршка за договорот од граѓаните па поради тоа нивните собири се одвиваат на полупразни плоштади..
Мицкоски посочи дека договорот со Грција е најлошото можно решение за Македонија. Со овој документ Заев ја понижува државата, а Македонија го губи името, се менува Уставот, се губи идентитет, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.