Коалицијата на Арсовска и Ковачевски е се поочигледна, и наместо да работат тие се зафаќаат со растурање на пердуви и лаги, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ, потенцирајќи дека Арсовска и СДСМ додека седат во иста канцеларија договараат стратегија да глумат дека се напаѓаат, а во исто време да работат за исти интереси.
Во врска со нападите на Арсовска и искажаните ставови за некакви закани Мицкоски истакна дека е згрозен и шокиран од таквите лаги кои ги отфрла како неточни и дека Арсовска наместо да работи за Скопје се фокусира на лаги.
– Жалам што направив погрешна проценка за карактерот на човекот кој го поддржав денеска да биде градоначалник на Скопје. Верував бидејќи препораките и биографијата беа солидни и до ден денеска верувам дека тогаш направивме вистински чекор, бидејќи направивме победник, но жалам што поддржав човек кој сега се фокусира на ниски страсти, лаги, конструкции поучен од не многу ликови кои се дел од нејзиното опкружување наместо да испорачува за Скопје, таа се фокусира да растура пердуви за мене и лаги и конструкции, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека се поочигледна е коалицијата помеѓу Арсовска и Ковачевски и претпоставуваа дека тие скапо платени советници, ги советуваат да таа ги растури пердувите, а после неколку дена медиуми блиски до власта и Ковачевски тоа го повторуваат, а знаете дека 100 пати повторена лага кај некои за жал ќе биде вистина.
– Чувствувам одговорност бидејќи застанав позади човек кој се покажа слаб менаџер и наместо тоа што се боревме и наместо за тоа што беа нашите вредности, се залага за поинакви кои немаат врска со потребите на Скопје. Но ќе направам се, ќе дадам се од себе да таа грешка ја исправам и концептот „За модерно Скопје“ да заживее. Тоа што го кажува СДСМ е реторика на СДСМ и тие сакаат да водат политика, од една страна седат во иста канцеларија со Арсовска и ја договараат стратегијата, ти немој да работиш, ние ќе те напаѓаме тебе и ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна не се секирај ние сме тука за тебе се што треба ќе ти излеземе во пресрет кога станува збор за твоите интереси. Гледаме дека оваа коалиција е деструктивна за животот на Скопјани и таа ќе биде поразена, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.