Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква квака што сакаме да ја имаме – вала лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна својот говор во Битола каде се оддржа промоцијата на програмата Проект „Обнова“.
Пред почетокот на кампањата за претстојните предвремени парламентарни избори Мицкоски посочи дека следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти, и дека сме различни од нив.
-Проектот Обнова на Македонија опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, базирана на директните потреби на граѓаните кои ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ги исполниме. Го имате мојот збор, а дадениот збор е најважната обврска врз која почива угледот и честа на секој поединец – додаде лидрот на опозицијата.
Тој посочи дека обновата е нешто кое го бара народот и чека долго време, а таа подразбира да имате контрола на својот живот, но и контрола врз заедничките судбини. Тоа, како што рече Мицкоски, значи да имате повеќе за да ви биде подобро.
-Значи нова надеж, шанса за сите, значи да го сакате своето, да го помните минатото, но и да се борите за иднината. Македонија мора да се промени, а таа промена која сакате да ја видите е ОБНОВАТА – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.