Во завршна фаза сме со албанските опозициски партии заедно да настапиме на изборите затоа што проблемите на сите се заеднички и да ги победиме неспособноста, криминалот и понижувањата кои оваа власт им ги приредува на граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ.
– Градиме мостови и коалиции со сите политички партии и можам да потврдам дека во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии да на овие избори уште во првиот круг во определени општини настапиме заеднички. Во една коалиција која ќе ја победи неспособноста, срамот понижувањата, криминалот, пљачката на граѓаните бидејќи солзите на мајката Македонка и мајката Албанка и Турчинка, Влаинка, Ромка подеднакво болат кога се простува од своето дете кое што поради што не добило шанса во својата држава одлучуваат да ја напуштат Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори излегува со сосема нов тим кој е сосема нов бран на политичката сцена, за кој и како што рече и СДСМ призна дека се нови луѓе.
– Овој тим на ВМРО-ДПМНЕ, спореден со оној стар контаминиран и неспособен тим на градоначалници на СДСМ кој го повторија има многу предности, нова визија, нов мотив, нова стратегија и затоа ние ја бараме довербата од граѓаните, не затоа што СДСМ вели дека се млади луѓе, туку дека тоа се луѓе кои се енергични, имаат визија и сакаат да победат, но и да покажат дека можело поинаку. Во духот на ова ние ги градиме идните мостови и коалиции, потенцираше Мицкоски.
Comments are closed for this post.