Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во посета на Струмица, каде што оствари средби со граѓаните од градот. Како што соопшти партиата, тие го запознале со тешката економска ситуација во која живеат и бесперспективноста која станува секојдневие.
„Мицкоски првин ја посети индустриската зона Сачево, каде што најмногу се гледа црнилото што ја пустоши државата, место на кое што требаше да бидат изградени 16 фабрики, а нема ниту една. Мицкоски ја посети и струмичката чаршија, каде што има многубројни дуќани и занаетчии, но работат сè помалку. Црнилата што ги предизвика оваа власт се насекаде, во економијата, земјоделството, образованието, буквално насекаде.
Работата е катастрофа, ние овде сме во наш дуќан, кирија не плаќаме и тоа е големата предност, инаку работата е катастрофа, да ти го извадам дневниот пазар да го видиш, тоа е катастрофа, вели еден од струмичките занаетчии. На прашање на Мицкоски како дали има разлика годинава со претходните, тој вели дека има огромна разлика во негатива„, се наведува во соопштението.
Мицкоски при средбите потенцирал дека секаде заеднички именител за оваа власт е рекетот и пљачката. Тој потенцира дека тоа досега се нема случено, на што занаетчијата одговара дека за разлика од нивните бизниси, бизнисите на претставниците на власта работат, на што Мицкоски констатира дека ќе дојде време кога целото криминогено работење на власта ќе биде прегледано од почеток до крај. Друг занаетчија и стопанственик констатира дека верува во Мицкоски и во вистината што тој ја кажува“, се додава во соопштението.
Comments are closed for this post.