Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реплицираше на провокацијата на бугарскиот политичар Ангел Џамбаски.
Џамбаски претходно на пост на македонскиот премиер Зоран Заев коментираше дека Гоце Делчев е Бугарин.
Зоран Заев, јавно пак ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране, Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвода во бугарската револуционерна организација, напиша Џамбаски во коментар.
Подоцна Мицкоски му порача на Џамбаски дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец.
Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Comments are closed for this post.