Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјавата за новинарите во вторникот вечерта пред промоцијата на кандидатот на градоначалник на општина Гази Баба, во врска со скандалот со македонските дипломати, истакна дека мафијата не била само во Министерството за внатрешни работи, туку е распространета и во македонската дипломатија, a оваа власт продолжува да ја гуши и срами државата.

Кога на почетокот ја обелоденивме оваа афера со лажните пасоши, со пасоши кои се даваат на балкански нарко-босови, тогаш од страна на власта бев обвинет дека сум саботирал акција која била во тек, сега видовме дека мафијата не е само во МВР, туку мафијата своите пипци ги пуштија и во дипломатијата, затоа имаме случај каде по дипломатски канали биле евакуирани лица кои биле барани преку Интерпол и останатите партнерски држави, истакна Мицкоски.

Рече дека онашто ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше пред неколку месеци денес продолжува „да ја срами и да ја гуши“ Македонија, вовлекувајќи ја во „политичкото мочуриште“ коешто заедно оваа влада на СДСМ и ДУИ го донесле во државата.