Во вчерашното издание на “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на сенародно обединување за конечна победа на мафијата која владее последните четири години. Мафијата си има држава во Македонија, рече тој и таа мафија мора да се порази за да заживее демократијата, правото и правдината во земјата и граѓаните да се осеќаат слободни.
-Овие луѓе од власта склучиле коалиција со кримниналот. И со време станале такви ако и претходно не биле. И сега ние имаме структура на мафија која што владее со институции во државата, нема пострашно од тоа. Тие со легални институции владеат на мафијашки начин. Затоа кога зборам дека ни треба општествена поддршка, народно и сенародно обединување, не го зборам тоа само семантички и емотивно, го зборувам тоа затоа што така мислам. Затоа што тоа е решението оваа мафија да се победи, а потоа да има одговорност. На друг начин не може. Се што е поинаку е само обид да се опструира целиот процес, посочи Мицкоски .
Тој потенцираше дека одговорност мора да има. После толку криминални афери и мега скандали некој мора да одговара од врвот на власта.
-Затоа велам еве ние како опозиција гледаме и објавуваме 6 скандали на мега корупција, кои што ги обработивме, одработивме во јавност и ги предадовме на одговорност, а резултати нема. Затоа мора мафијата да се порази, дециден е Мицкоски.
Comments are closed for this post.