Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ Клан зборуваше и за излажаните земјоделци, на кои владата им вети откуп на родот, но наместо да го продаваат, тие го фрлаат и ги сечат овошките.
Имаме катастрофални ситуации, видете на кое ниво на безобразлук функционира оваа влада земале еден шлепер го однесле во Росоман ги викнале камерите неколку часа потоа да видат како овој шлепер ги товари гајбите со праски наводно откупот врвел, откочен е. А, тој што ги откупувал јаболките ги откупува за 15 денари или 20 денари килограм. Луѓето неспремни однесле во тој шлепер колку што има и цел ден имате пропаганда по владините медиуми дека има откуп со праски кој врви фантастично, откочен е извозот за Русија итн., појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде денеска да се појде во Росоман е траорна атмосфера, луѓево од камион ги истураат праскиве или со пила ги сечат дрвава на кои што раснат праскиве.
Таа е реалноста во Росоман. И денеска ќе ви излезе онаа пи-ар машинерија од владата и ќе рече ова се лажни вести итн. Ајде да одиме да видиме дали се лажни вести. Јас сум подготвен да одиме да видиме, посочи Мицкоски.
Comments are closed for this post.