Ништо не му реков заканувачко на Рашковски, туку го предупредив дека во ваква состојба на грбот и на товар на граѓаните не треба да се профитира, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  за комуникацијата со Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски која тој подоцна ја објави на сајтот на Владата.

Тој вели дека секогаш  и со секого ќе се борам затоа што нашата борба е за граѓаните и државата.

 Нема логика да доставуваме кривична пријава против Рашковски бидејќи кога таа ќе дојде во „Луј Витон“ Обвинителството и во трас „трас-трас“ судството ќе биде отфрлена на прва. Кога ќе дојде денот кога ќе биде ослободено судстовото и обвнителстовото ќе ги доставиме доказите и верувајте дека многумина ќе бидат засрамени