Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дневникот на Алфа телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија која се бори за интересите на државата и интересите на граѓаните. За разлика од СДСМ која во минатото само знаеше да кодоши и да работи спротивно на интересите на Република Македонија.
Да истакнам еден факт во изминатите 30 години не сум бил сведок опозициска партија во Македонија вака да се бори за државата и интересите, кои што нормално треба да ги штити како државните така и националните интереси како тоа ги прави ВМРО-ДПМНЕ. Можеби не скромно, но морам да кажам дека ваков случај во изминатите 30 години немало. Напротив, имало опозициска партија во минатото на едно пониско и попримитивно ниво се обидуваше да ја кодоши сопствената држава и да ги загрозува интересите на сопствената држава за пара и за пуста власт, посочи Мицкоски.
Но, тоа што денес го прави ВМРО-ДПМНЕ, продолжи тој е сосема спротивно на тоа што беше случај во минатото, го покажува својот државотворен капацитет и карактер, и на прво место ги става интересите на државата и интересите на граѓаните кои што живеат во Македонија, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.